Утре, на 22 мај, вторник во кафе бараот Ла Кања ( Стара скопска чаршија) од 21 ч. ќе се одржи промоција на новиот роман од Петар Андоновски- „Страв од Варвари“ во издание на „Или-Или“.
За романот ќе зборуваат Румена Бужаровска и Славчо Димитров.
Но кој е всушност варварин, а кој цивилизиран?! Зар и во цивилизираните не се кријат варвари?! Кој кого загрозува?! Зошто варварите се вознемирувачка другост?! Дали се тие сили на хаосот чие доаѓање го нарушува редот и мирот на вообичаеното секојдневие?! Или, пак, се само изговор за и манифестација на дискурсот на моќ?! Конечно, што се крие зад стравот од варвари?! Токму врз фонот на овие и слични дилеми, Петар Андоновски ја структурира композицијата на својот роман Страв од варвари.
Во романот наизменично се испреплетени два наративни тека на два женски гласа: Русинката Оксана и Гркинката Пинелопи. Наспроти општопознатата метафора на името на Гркинката (експлицитната алузија на Пенелопа кај Хомер), помалку е познато дека и името Оксана, покрај словенското (украинско) потекло (со значење: во слава на Бог), во превод од грчки значи „странец“, но и „гостољубив“, што исто така добива метафорички конотации во контекст на романот.
Андоновски мошне уверливо ги портретира психолошките профили на двата носечки женски ликови преку сопствената автоперцепција, а преку нивната визура („point of view“), пак, ги слика и портретите на цела плејада други ликови што упаѓаат во орбитите на нивните животи некогаш и сега. Сите ликови се, на еден или на друг начин, нереализирани во животот, своевидни аутсајдери, со изневерени надежи и неостварени копнежи. Такви се и ликовите на двете нараторки: и тие се инертни, пасивни, еднодимензионални, ним им недостига вториот дел од нивната личност, отсутната жена-пријателка, олицетворение на динамичниот, активен принцип на постоењето. Без нивното „alter ego“, животот на двете нараторки е бесмислен, празен и апсурден. Просторното вкрстување на двојната нарација се случува со доаѓањето на тројцата Руси (всушност Украинци, но во времето на кое се алудира во романот, Украина е сѐ уште во составот на СССР) на островот Гавдос и со овој настан се воведува клучната тема во романот – варварството“ вели во поговорот на романот Лидија Капушевска Дракулевска.
Андоновски (1987, Куманово) е автор на: ,,Ментален простор” (поезија, 2008), ,,Очи со боја на чевли” (роман, 2013, три изданија), ,,Телото во кое треба да се живее” (роман, 2015, три изданија), ,,Страв од варвари” (роман, 2018).
Добитник е на наградата Роман на годината на Утрински весник за романот ,,Телото во кое треба да се живее”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст