Од денеска со нови цени се цигарите „Бос“, „Вест“, „Давидов“ и „Родео“. Сите видови на „Бос“ цигари се покачени за пет денари, „Вест“ меко исто така, „Давидов класик“ и „голд“, исто за пет денари, како и сите видови на цигари „Родео“. Цигарите од брендот „Давидов шејп“ се покачени за 10 денари.
Сите бредндови на цигари во земјава, според календарот е предвидено да поскапат за 4 денари од 1. јули. Неодамна пред овој поскапеа уште неколку брендови на цигари.
Од 1 јули 2016 до први јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за цигара секоја година. Со ваквото покачување, до 2023 година се очекува кутија цигари да поскапи и за 40 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.