| четврток, 6 декември 2018 |

Судијата не му поверувал на сведокот бидејќи бил контрадикторен околу тоа дали Заев му побарал мито од 2 или од 3 евра

Зоран Заев е ослободен од кривична одговорност за случајот „Поткуп“ бидејќи обвинителството не ги докажало сомневањата. Ова е образложенињто на пресудата што ја објави судијата Дарко Тодоровски, откако претходно, со треперлив глас ја прераскажа целата постапка од поднесување на обвинението во 2015 година до сега.

Судијата Тодоровски, обајсни дека судот ги ковертирал ПИ мерките откако обвинителството го измени обвинението, а не му поверувал и на сведокот Иван Николов бидејќи бил контрадикторен во исказот околу тоа дали Заев му барал по 3 или 2 евра мито за легализација и откуп на градежно земјиште.

За Тодоровски, релевантен е одговорот на Николов на прашањето на Добрила Кацарска, дали кога ја снимал средбата, Заев му побарал пари или сведокот сам понудил. Сведокот рекол дека тогаш го навел Заев да го каже тоа што му го барал на десетина средби пред тоа.

Судијта Тодоровски им се заблагодари на странките во постапката и на нивната коректност, а обинителството ако сака да се жали ќе може штом ја добие писмено ослободителната пресуда.
Зоран Заев пак, кој толку време обвинуваше за партизација на судството, по пресудата рече дека судството се сменило, а медиумите можеле да се увеерат дека нема докази против него.

За реакциите на Никола Груевски дека Заев ќе биде ослободен а Груевски осуден, како што напиша уште во март СВЕДОК, Заев рече дека Груевски бил добар познавач на судството порано, но сега работите се смениле.

Поткуп, во кој Заев беше обвинет за барање по 1 евро за Заев, едно за црквата и едно за СДСМ, за легализација на секој метар градежно земјиште се води од 2015 година, а настанот и пријавата се од декември 2013 година,

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top