| четврток, 6 декември 2018 |

Селекторот Мартинез го изостави Наиголан од тимот на Белгија кој ќе патува на СП

Деновиве селекторите на многу репрезентации ги објавуваат имињата на играите на кои ќе сметаат за престојниот мундијал во Русија. Таа обврска ја заврши и предводникот на Белгија, Роберто Мартинез кој објави поширок список од 28 имиња на кој изненадувачки немаше место ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан.

Мартинез својата одлука ја образложи како тактичка, но со истата придонесе Наинголан да донесе своја контра одлука која ја соопшти преку социјалните мрежи.

– За жал и многу неволно, мојата репрезентативна кариера завршува. Секогаш сум правел се за да можам да ја претставувам мојата земја. Ако бидете свои може да ги иритирате луѓето… Од овој ден јас ќе бидам навивач број еден, порача фудбалерот на Рома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top