Ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски денеска побара и адвокатот Димитар Дангов во воведното обраќање пред судот во предметот на СЈО „Титаник“. На претходното рочиште обинителката Лиле Стефанова во воведот побара да се конфискува имот на обвинетите Груевски и Протуѓер во вредност од над 550 илјади евра.
Дангов денеска побара ослободителна пресуда и за уште тројца обвинети и рече дека ќе докажат дека обвинетите не сториле ниту едно кривично дело за кое се обвинети.
– Ќе докажеме дека не постоел извор на финансирање и дека не постоеле незаконски средства за финансирање на кампања, рече адвокатот Дангов и додаде дека во периодот од 2011 до мај 2014 година никој од обвинетите не сториле кривични дејствија.
Според него, ќе се докаже и дека обвинетиот Едмонд Темелко не го сторил делото, нагласувајќи дека тоа и СЈО го докажува со тоа што посочуваат дека делото го извршил сведок и други непознати лица, а не градоначалникот на Пустец и претседател на политичка партија на Македонците во Албанија.
Дангов во воведниот говор ги спомна и аудио снимките по кои е покренато обвинението. Според него материјалите произлезени од незаконското следење на комуникациите се незаконити.
–Иако СЈО ги добило законски, СДСМ материјалите ги предал во 2015 година кога е во важност Законот за заштита на податоци, реча тој и побара судот да не ги прифати аудио снимките бидејќи се незаконски и се повредени правата за заштита на лични податоци.
Претходно воведни зборови даде адвокатот Дончо Наков кој рече дека некои од членовите на „злосторничкото здружување“, биле само неколку часа членови на таа група, па според него, тоа е невозможно во тој краток временски период да извршиле некакво кривично дело.
Бранителите бараат примена на европската судска пракса во случајот „Титаник“
Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст