| четврток, 6 декември 2018 |

Бакљи и димни бомби на теренот: Навивачите на Лех Познан не му дозволија на лутиот ривал да ја прослави титулата

Дербито во полскиот шампионат меѓу Лех Познан и Легија Варшава беше означен како натпревар со висок ризик, а тоа се докажа како оправдано откако дербито беше прекинато во 80. минута при резултат 0-2 за гостите.

Ако се доиграше натпреварот, Легија по регуларен пат ќе ја прославеше титулата во полското првенство, но навивачите на Лех Позан не го дочекаа крајот на мечот и почнаа да фрлаат бакљи и димни бомби на теренот, по што делегатот беше приморан да го прекине мечот.

На стадионот влегоа специјалните сили за да спречат да се случи евентуално поголем проблем со влегување на навивачите на теренот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top