| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Хари сам го набрал секој цвет пред дворецот: Бидермаерот на Меган заврши на гроб!

Букетот кој војвотката од Сасекс, Меган (36) го носеше во саботата на венчавката со принцот Хари (33), заврши на гроб!Сепак не станува збор за некоја бизарна идеја на поранешната актерка, туку за кралска традиција.

Традицијата, бидермаерот после кралската венчавка да се праќа на гробот на непознатиот јунак, го вовела уште кралицата Елизабета после својата венчавка 1947 со кралот Џорџ Шести, во спомен на нејзиниот брат Фергус кој починал во 1915 година во Првата Светска војна.

Гробот на непознатиот јунак познат е во целиот свет како симбол на жртвата и храброста на сите загинати војници од Првата Светска војна и наводно е единствен споменик, преку кој никој не поминал.

Инаку, цвеќето од кое е направен венчаниот букет наводно го избрал и набрал самиот принц Хари пред палатата Кенсингтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top