| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка во Волково: Со „Цитроен“ се забиле во куќа, момче и девојка итно пренесени на Клиника

Вчера во 04.20 часот по полноќ, на улица „100“ во село Волково, патничко моторно возило „Цитроен Ц 2“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ. (21) од Скопjе, удрилo во бетонски ѕид од куќа.

Притоа, со повреди се здобиле Х.Ѓ. и сопатничката Н.П.(19) од Скопје. Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургенетен центар при комлекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде им биле констатирани тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош биле задржани на лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top