| четврток, 6 декември 2018 |

Андреа Лекиќ: Срцето останува засекогаш со Вардар (Видео)

Сите ракометарки кои во минатите пет години беа дел од сите учества на Ф4 турнирите на Вардар оставаат неизбришлива трага во таборот на шампионот на Македонија. Тие забележаа моменти кои ќе се паметат засекогаш, но Андреа Лекиќ е една од оние кои веројатно секогаш ќе останат во срцата на голем број на девојчиња кои и во иднина ќе навиваат за неа.

Лекиќ не можеше да ги скрие солзите ниту денеска. Можеше да се забележи колку и е тешко и при давањето на изјавата на крајот од оваа сезона. Таа е една од ретките кои одлично научија да зборуваат македонски, па дефинитивно како што неа ќе и недостига Вардар и Скопје така и таа и колешките ќе недостигаат на сите нејзини фанови.

„Многу тешко да се каже нешто. Овие пет години засекогаш ќе бидат со мене. Секоја емоција од овој период останува засекогаш дел од мене. Во овие пет години буквално го оставивме срцето на овој терен и тоа ќе чука секогаш со Вардар, изјави Лекиќ.

24rakomet.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top