Македонските претставници на годинашниот Евросонг кој што се одржа во Лисабон на почетокот на месецов, групата „Ај кју“, и официјално „освоија“ награда. Тие на Македонија го донесоа првото место на БДА – наградата Барбара Декс, која што уште од 1993 година им се доделува на најлошо облечените учесници на Евровизија.
Самата награда го носи името според белгиската претставничка на Евровизија за 1993 година, Барбара Декс, која што тогаш го шокираше светотот со фустанот кој сама го креирала за настапот.
Веднаш по Македонија, како најлошо облечени претставници оваа година се рангирани музичарите од Австралија и Белгија.
Дизајнер на групата „Ај кју“ за Евровизија беше креаторот Алек Билбилоски од Охрид. По критиките на социјалните мрежи на сметка на гардеробата на нашите претставници, тој се огласи на својот Фејсбук профил и порача дека си го остварил сонот.
-До сите хејтери, не бевте ниту пак ќе бидете на ваков настан, да видете што се случува. Не сте вредни за моето време, најдете си живот, негативноста убива – порача дизајнерот на официјално најлошиот стајлинг на Евровизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст