| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца полицајци физички нападнати, едниот заврши на Клинички

На 20.05.2018 година околу 01,50 часот при вршење на службени дејствија по претходно нарушен јавен реди и мир во сендвичара во населба Илинден двајца полициски службеници биле физички нападнати од страна на К.К.(18) и М.М.(21) двајцата од населба Илинден. Лицата се приведени во Полициска станица Гази Баба.

Заради укажување на лекарска помош М.М. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза”. Се превземаат мерки за расчистување на настанот.

За настанот е известена внатрешна контрола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top