Македонија ќе добие нов гувернер, мандатот на сегашниот шеф на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, истекува утре. Анита Ангеловска- Бежоска е предлогот за нов гувернер од страна на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, предлог кој треба да биде поддржан од најмалку 61 пратеник во Собранието.
Предлогот за гласање на новата гувернерка најверојатно ќе биде ставен на дневен ред уште на утрешната собраниска седница, која инаку веќе е закажана.
Која е Анита Ангеловска- Бежоска?
Во биографијата која што стои на сајтот на НБРМ, таа има 47 години, родена е на 5 ноември 1971 година во Гетеборг, Шведска. Мажена е и мајка на три деца.
Таа веќе осум години е вицегувернер во НБРМ, задолжена за областите монетарна политика, истражување и статистика. Од 2004 до 2010 година таа била главен економист во Народната банка, а била и ангажирана во Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон. Таа има богато искуство со работа во Министерството за финансии на Република Македонија, каде работела на повеќе позиции.
Ангеловска- Бежоска е дипломиран економист, на Економскиот факултет во Скопје дипломирала во 1994 година, а била и еден од тројцата најдобри студенти во генерацијата со просел 9,4 на насоката маркетинг и надворешна трговија.
Со просек 9,3 во 1997 Ангеловска- Бежоска ги завршува постдипломските студии. Со титула доктор на науки во 2015 година се стекнала на Економскиот факултет во Љубљана, а темата на нејзината докторска дисертација била „Координација на монетарната и фискалната политика во Република Македонија“.
Како што стои во биографијата познава четири странски јазици, англискиот одлично, додека пак делумно знае руски, италијански и шведски.
Според анкетниот лист кој го има пријавено во Антикорупциската комисија, првата жена гувернер во историјата на Македонија пријавила три стана, автомобил, хартии од вредност и кредит. Два од трите стана се проценети над 6 милиони денар, додека еден е проценет 4 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст