| четврток, 6 декември 2018 |

Почина новинарот Љубомир Вељковиќ-Раф

Во 75 година од животот, вчера во Скопје почина долгогодишниот новинар на Македонското Радио, Љубомир Вељковиќ-Раф.

Кариерата ја започна на Втората програма на Радиото во 70-те години, а најдолго, с’е до заминувањето од Радиото, работеше во внатрешно политичката редакција, како собраниски известувач.

Зад него остана респектибилна серија од емисии „Вие и претседателот на градот“ во која на прашања од скопјани одговараше градскиот татко.

Како завршен правник, кариерата ја продолжи во Општина Центар во Соборот на општините, а се до пензионирањето активно се ангажираше во заштитата на човековата околина.

Погребот на посмртните останки на Љубомир Вељковиќ Раф ќе биде извршен на гробиштата Бутел денеска, 20 мај во 10 и 30 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top