| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп го поздрави враќањето на Меланија од болница и ѝ го погреши името

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го поздрави враќањето од болница на првата дама во Белата куќа, но на Твитер погрешно го напиша нејзиното име.

„Одлично е што нашата исклучителна прва дама се врати дома, во Белата куќа. Меланије се чувствува добро. Им благодарам на сите за молитвите и добрите желби“, напишал Трамп на социјалната мрежа. Неколку минути подоцна, претседателот ја коригирал грешката, па напишал „Меланија“ наместо „Меланије“.

Првата дама на САД беше во болница пет дена поради мал хируршки зафат на бубрезите. Белата куќа соопшти дека таа била во Медицинскиот центар „Волтер Рид“ во близина на Вашингтон.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, неколку пати ја посетил својата 48-годишна сопруга за време на нејзиниот престој во болницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top