| четврток, 6 декември 2018 |

Беса го предложи Асаф Адеми за министер за култура

Движењето БЕСА го предлага Асаф Адеми за министер за култура.

Централниот совет на БЕСА, крилото на Гаши, го избра Адеми за прв човек во министерството со кое досега раководеше Алаѓозовски од СДСМ.

Информацијата за Алсат-М ја потврди портпаролот на партијата.

Имињата на замениците министри се уште не се избрани од страна на Централниот Совет.

Адеми е поранешен амбасадор во Данска како и кандидат за градоначалник на Гостивар од БЕСА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top