| четврток, 6 декември 2018 |

Тениската легенда Горан Иванишевиќ е голем фан на РК Вардар (ФОТО)

Хрватската и светска тениска легенда и освојувач на еден од најпрестижните тениски турнири, Вимблдон- Горан Иванишевиќ е фан на актуелниот европски ракометен шамион Вардар.

Одличните вардарови игри изминативе сезони, како и освојувањето на европската титула минатата година му паднале во очи на Иванишевиќ кој на неколу наврати не ја пропуштил можноста да покаже респект и восхит кон РК Вардар. На тоа реагирале вардаровите Комити.

Навивачите на Вардар се решиле самоиницијативно да го испочитуваат Горан Иванишевиќ па сами му обезбедија дрес со неговото презиме, кој ќе му биде предаден во пресрет на Ф4 турнирот кој на 26 и 27 ќе се одржи во Келн.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top