| четврток, 6 декември 2018 |

Албанската мафија е една од најопасните на светот, а целата мрежа ја „држат“ 15 семејства

Пред неколку дена беше актуелна веста дека албанските банди стануваат многу силни на улиците во Велика Британија. Со нив се поврзува и порасот на насилството, но и кокаинот, кој, наводно, на домашна адреса стигнува побрзо и од нарачана пиза, за 15 минути.

Албанската мафија, која ја има репутацијата дека и италијанските мафијаши не сакаат да соработуваат со неа, е активна по целиот свет, благодареќи на комбинацијата од семејни и политички врски, но и поради специфичниот, племенски морал.

Се верува дека нарко бизнисот во Албанија го контролираат 15 семејства. Секое од нив управува со определен дел од земјата и секое семејство има силни врски во политиката.

Скадар го „држи“ моќниот клан Шакја, кланот Алјуши „оперира“ во Кучај, а на списокот на познати имиња се семејствата Османи и Кељменди, чиј водач Насер Кељмени е осуден на шест години затвор во Приштина годинава.

Во суштина на албанската мафија е семејството. Дисциплината е на многу високо ниво. Втората причина е „бесата“ односно дадениот збор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top