| четврток, 6 декември 2018 |

Промената на Уставот која ја договорил Заев, е шлаканица за земјите кои нѐ признале под уставно име

Промената на Уставот на државата која ја договорил Зоран Заев, премиерот на Македонија е шлаканица за сите земји кои нѐ признале под уставно име. Меѓу земјите кои ја признале Македонија под уставното име се и Кина, Русија, Обединето Кралство, САД, Босна и Херцеговина,  Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија, Австрија и уште стотина други.

Предлозите името Република Македонија, или евентуално име со географска одредница, да се изговара како во македонскиот јазик и да се пишува само со латинско писмо, односно името на јазикот, македонски исто така да се пишува со латинско писмо и да се изговара како што тоа се прави во нашата земја, се апсурдни и неодржливи. Тие суштински гледано навлегуаат во идентетските прашања и според тоа за нас се комплетно неприфатливи. Во ОН и нејзините органи и институции како работни јазици се користат само оние што како такви се изречно утврдени. Оттука Македонија во овој поглед би била исклучок, преседан и тоа би претставувало прекршување на нормите во Повелбата на ООН – изјави Таки Фити, претседател на МАНУ во една прилика.

За позицијата на Република Грција едно име за сите употреби (erga omnes) не треба да се разговара бидејќи, како што рече, тоа не е предвидено ниту со Резолуцијата 837, ниту со Законот за ратификација на Привремената спогодба.

– Прифаќањето на еrga omnes (едно име за севкупна употреба значи едно име и за меѓународна и за внатрешна употреба) би значело промена на Уставот на Република Македонија, промена на имињата на нашите институции, ревизија на сите меѓународни договори во кои се користи уставното име на земјата. Според тоа, ваквото решение е фактички невозможно и неостварливо – нагласи Фити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top