Британскиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл го кажаа судбоносното „да“ во капелата во дворецот Виндзор. Меган до олтарот ја испрати таткото на младоженецот, британскиот принц Чарлс.
Принцот Хари и неговата избраничка рекоа „да“ пред кантерберискиот надбискуп Џастин Велби, поглавар на англиканската верска заедница, кој ги прогласи за венчани. Додека стоеја пред олтарот, Хари и рече на Меган: Прекрасно изгледаш.
Потоа следуваше обраќање на црниот американски бискуп Мајкл Брус Кари, а потоа беше изведена познатата песна „Stand by me“.
Младоженците, кои сега официјално ја имаат титулата војвода и војвотка од Сасекс, разменија прстени, при што Меган Маркл доби прстен од велшко злато, кој е подарок од кралицата Елизабета, додека бурмата на принцот е од платина.
Надбискупот ги прогласи венчани, по што се заколнаа дека „ќе се сакаат и ќе се грижат еден за друг додека смртта не ги раздели“, а целата церемонија ја следеше песна од хор заедно со оргули и други музички инструменти.
Црквата беше украсена со бели ружи, омиленото цвеќе на покојната мајка на Хари, принцезата Дајана. Најмладата сестра на принцезата Дајана, Џејн Фелоус, одржа пригоден говор на венчавката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст