| четврток, 6 декември 2018 |

Душко Весковски поставен за генерален директор на ЈП Водовод и канализација

За нов генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје е поставен Душко Весковски.

На 2 мај, како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, беше објавен конкурсот за избор на генерален директор на ова јавно претпријатие.

По завршувањето на законскиот рок за поднесување апликации и спроведување на постапка за избор на генерален директор на претпријатието градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на 18 мај за генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје го назначи Душко Весковски. Претходно Весковски работеше како раководител во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, по што беше назначен за в.д. генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, наведуваат од претпријатието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top