Околу 300.000 вработени во Македонија, кои се главно од приватните фирми не користат годишен одмор што по закон им следува. Оваа бројка е речиси половина од вработените во земјава и потврда дека работничките права се повеќе се кратат, бидејќи станува пракса да не се гледа што пишува на хартија, туку што се случува на терен.
Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) велат дека на оваа тема не се потребни истражувања, оти секој знае дека поголем дел од вработените во државата не добиваат годишен одмор како што им следува по закон, ниту пак слободни денови или дневници за прекувремена и работа на празник.
– Иако нема точни податоци може да каже дека околу 60.000 мали компании кои имаат до 5 вработени, а тоа е околу 300 илјади во јули и август не користат годишни одмори, бидејќи ако се на одмор некој треба да ги замени, а во тој период нема огласи за нови вработувања – коментира Драге Јовановски од ССМ за Вечер.прес и дополнува дека работодавците што не им даваат одмор на своите вработени не се казнети оти за ова прашање нема јасна регулатива во законот.
Според него ако во овој период има вработувања бенефит нема да имаат само граѓаните што ќе се вработат туку и државата, оти касата ќе се полни од плаќање на придонеси од плата.
Според актуелниот закон годишниот одмор може да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се искористи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година.
Во годишен одмор не се пресметуваат: празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.
Целиот текст ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст