Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има и ретка појава на грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, дневната од 16 до 26 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
В недела ќе преовладува стабилно и суво, освен во крајните јужни делови. Од понеделник во попладневните часови повторно на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст