| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ќе го информира државниот врв што договорил со Ципрас

На инсистирање на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје треба да се одржи лидерска средба, на која претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе ги информираат претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на партиите за деталите од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и за можноста да се даде шанса за евентуално решение што би било прифатливо за двете страни.

– Би сакал да се запази редот, да има информирање за деталите. Прво да му ги соопштам на претседателот на државата, на лидерот на опозицијата, на лидерот на најголемата албанска партија, на претседателот на Собранието. Тоа е редот, за да имаме шанса да изградиме национален консензус по вака важно прашање. Веднаш по состанокот ќе дадеме изјава и сето ќе го споделиме со јавноста, рече Заев, вчера најавувајќи ја лидерската средба.

Присуството на средбата го потврди македонскиот претседател Ѓорге Иванов, од чиј кабинет вчера соопштија дека тој ја прифатил поканата на премиерот Зоран Заев за лидерската средба.

Претседателот Иванов ќе присуствува на утрешната лидерска средба

Иванов на средбата очекува да биде информиран за суштината и за деталите од разговорите во процесот за надминување на разликата околу името, истакнаа вчера од кабинетот на претседателот. 

Мицкоски: Ставот ќе го кажеме по лидерската средба, мене лично ми се допаѓа Република Македонија (ВИДЕО)

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа во изјава за медиумите потврди дека ќе учествува на средбата и истакна оти ставот по однос на евентуален договор партијата ќе го каже по нејзиното завршување, откако ќе ги има сите информации.

Алексис Ципрас Давос

И од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас најавија дека во претседателската палата во Атина тој ќе го извести претседателот Прокопис Павлопулос за текот на преговорите околу името.

По средбата со Павлопулос, грчкиот премиер, за истата тема, но телефонски, ќе ги извести лидерите на политичките партии, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top