| четврток, 6 декември 2018 |

Болничар испуштил неподвижна жена, па го нокаутирал син ѝ: Претепаниот ни крив ни должен завршил пред воена полиција

Болничар ја возеше мајка ми Олга Стоиќ (84) на подвижен кревет, која само неколку часа претходно доживеа мозочен удар, а јас одев по него… Се завртев да му ги предадам нејзините документи, а нему му падна мајка ми од креветот и директно со главата на подот. Почна да ѝ тече крв од устата. Ја кренавме. Извадив телефон за да снимам, а тој ми удри бокс во главата. Оваа приказна ја раскажува Горан Стоиќ (54) од Белград, кој минал низ хоророт пред два дена на ВМА во Белград. Тој тврди дека го нападнал вработен во болницата, зашто не му се допаднало што неговите пропусти некој се обидува да ги фотодокументира.

Горан раскажува дека пропустот на болничарот е што жената која туку што примила терапија по преживеаниот мозочен удар не била врзана за креветот и затоа паднала.

Горан сакал да ја сними мајка си крвава, но болничарот го претекнал и му удрил бокс.

-Ми удри бокс во главата. Бев во шок, јас него не го удрив, Потоа дојде воена полиција, но и човек кој се претстави како началник на неврологија и кој не исфрли во ходник викајќи: „Зошто се испотепавте?“. Тој техничар потоа се врати и повторно се обиде да ме нападне.

Воената полиција два часа му земала исказ за на крајот да се потврди неговата верзија дека никого не нападнал.

-Потоа тој истиот началникме повика во канцеларија и ми се извинуваше. Ме праша дали ќе пдонесам приватна тужба против болничарот или тие како установа да го сторат тоа во редовна постапка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top