| четврток, 6 декември 2018 |

Доделени наградите на Скопскиот маратон

Вчера организаторот на Скопскиот марратон ги додели наградите на учесниците на најмасовната спортска манифестација во Македонија. На вчерашната свечена церемонија беа доделени наградите за најдобрите тимови на полумаратонот, најдобрите тимови на трката на 5 километри и најдобрите тимови на штафетен маратон.

– Клучен дел од маратонот беа и навивачите кои правеа фотографии и кои излегоа на улиците со транспаренти да ги бодрат учесниците. На најдобрите, најинтересните и најзабавните им беа доделени наградите за најдобар транспарент и најдобра фотографија – вели организаторот.

На свечената церемонија беа додели награди за најдобрите женски тимови во полумаратон и тоа – прво место за NRC – Nike Running Club Скопје, второ место за Атлантик Група и трето место за Делта. Во машка категорија АК Работнички освои прво место, втори беа NRC Скопје и Делта добија трето место. Најдобри 3 тимови на 5км трката од жените беа Nike+Run Club Belgrade, Телеком и Алкалоид – Здравјето пред сѐ од вкупно 159 женски тимови. Најдобрите машки тимови NRC – Скопје, Nike Running Club Belgrade и Делта беа наградени како најбрзи од вкупно 164-те машки тимови. Од женските тимови на штафетниот маратон најдобри беа Стара МО, ОК Златоврв и ФЕИТ, а најдобри од машките тимови беа АРМ, ОК Златоврв и Сеавус. Свечена награда беше доделена и на најмасовниот тим со 306 пријавени, Johnson Matthey.

Прво место за најдобар транспарент беше Ѓорѓи Филиповски, а второто место го делат Љубомир Стојчески и Методија Бунтевски. За најдобра фотографија прво место зеде Борче Поповски, второ Орце Поповски и трето место Анета Цветкова. Тие добија вредносни награди од Виз Ер и РиСпорт и организаторите на Виз Ер Скопски маратон.

– При секоја спортска манифестација како Виз Ер Скопски маратон, Авицена Женска трка и Скопје трча 10КМ воведуваме новитети кои имаат за цел да го подобрат самиот настан. Оваа година се одржа и традиционалната хуманитарна Pasta party на која беа собрани 84.600 денари за „Проект среќа“ и акцијата „Здраво шампиони“. Еден од главните аспекти оваа година беше и промоторката, светска рекордерка во маратон, Пола Редклиф. Нејзиното позитивно искуство во Скопје ја поттикна и да трча на 5км трката при што таа застана пред самиот финиш и ги бодреше тие кои ја поминуваа последната линија – порача Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top