Деталите за приватниот живот на првата дама на Соединетите Американски Држави не престануваат да ја интригираат јавноста, а нејзиното поранешно момче раскажа зошто ја прекинаа врската.
Петар Бутолн, новинар од Словенија беше во врска со сегашната прва дама на САД, Меланија Трамп додека таа живееше во Словенија. Тој за медиумите ги откри сите детали за нивното запознавање, но причината зошто се разделија.
-Во врска бевме три месеци. Заврши училиште и летото беше пред нас. Во тоа време целата екипа се собираше на Тромостовје во Љубља. И Меланија дојде со својата екипа. Јас одев во гимназија, а таа беше во средно училиште за дизајн. Јас имав 18 и пол, а таа 17 години. Љубљана е мала, сите се знаевме, и нормално дека веднаш ќе го заприметиш новото лице во друштвото, вели тој.
-Беше убава, витка, јас малку се напив и го направив првиот чекор. Така почна. Одев по неа во станот. Беше тоа мал стан, едноставен. Таму живееше со сестрата Инес, која беше четири години постара. Прво живееја со татко им во изнајмен стан, а тогаш таткото купи стан. Таа два пати беше во мојот стан. Ни беше убаво, младешки. Нашето дружење прекина бидејќи војска служев во Јастребарск. Оттогаш не се слушнавме, рече Бутолн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст