Триесет и еден албански државјанин, кои непријавено престојувале и работеле во тетовско биле откриени и приведени по полициската акциска контрола спроведена денеска наутро, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Акциската контрола била спроведена на неколку места во Тетово, Џепчиште, Порој и Мала Речица.
– Во акцијата откриени и приведени се 31 албански државјани на различна возраст од 20 до 50 години кои непријавено престојувале на подрачјето. По кусото задржување албанските државјани биле предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапк, вели Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст