| четврток, 6 декември 2018 |

Не можел да го издржи притисокот: Блажески, шефот на кабинет на Филипче си поднесе оставка

Дејан Блажески шефот на кабинет на министерот за здравство Венко Филипче си поднесе оставка од функцијата, дознава „Фокус“.

Според нашите информации, Блажески се одлучил на таков чекор бидејќи повеќе не можел да го издржи притисокот.

Нашите извори уште додаваат дека на негово место доаѓа Бојана Атанасова, исто така од кабинетот на Филипче, која дошла во министерството за здравство откако тој ја преземал министерската фотеља.

Блажески, ниту ја потврдил, а ниту ја демантир информацијата, но според пишувањето на порталот тој во моментот е во министерството за здравство и си ги собира работите.

Блажески дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и е магистер за јавни здравствени системи. Тој, претходно бил портпарол на централниот штаб на Либерално демократската партија во Охрид. Блажески доаѓа на работа во министерството за здравство по доаѓањето на Филипче за министер.

Од друга страна, пак Атанасова која треба да го замени Блажески има магистратура по јавно здравје и исто така е дојдена во министерството за здравство откако Филипче доаѓа на функцијата. „Фокус“ ја контактираше и Атанасова, но и таа како и нејзиниот колега ниту ја потврди, ниту ја демантираше информацијата.

Министерот за здравство Венко Филипче тврди дека кога ќе добие официјална потврда, тогаш ќе може да коментира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top