| четврток, 6 декември 2018 |

Тежок судар на камиони во Хрватска, 49-годишен Македонец се бори за живот

Четириесет и деветгодишен Македонец се бори за живот во болницата во Сисак, Хрватска, по тешката сообраќајна несреќа што се случила во четвртокот во 2 часот по полноќ, на автопатот кај местото Кутина, пренесува „Вечерњи лист“.

Несреќата во која се повредени три лица, се случила кога македонскиот државјанин, управувајќи камион со приколка, не се придржувал до потребното растојание во однос на возилото пред него, при што дошло до судир со камион со романски регистарски таблички. Романецот што го возел другиот камион е со лесни телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top