Засега во Атина официјално не реагираат на информациите дека предлогот што македонската страна го понудила за ново име на преговорите бил „Република Илинденска Македонија“.
Според дипломатски извори цитирани во “Journal of the Editors”, овој предлог што го разгледувале двајцата премиери ги задоволувал и условите на Атина, но тоа не значи дека ова е конечниот предлог бидејќи ќе треба повеќе обработка, но и политички консултации во двете земји.
Грчки медиуми, сепак, повикувајки се на македонси, јавуваат дека „Република илинденска Македонија“ е новото име за Скопје.
Но, дипломатски кругови во грчката престолнина нагласуваат дека најпрво треба детално да се разгледа прадлогот кој можеби крие замки за Грција.
Причината е што „бунтот на (празникот-н.з.) Илинден на почетокот на 20 век имаше крајна цел да се создаде автономна ‘Македонија’, која ќе вклучувае и грчки земји“, пишуваат грчки медиуми.
Оттаму, прифаќањето на такво име би можело да претставува ризик за Грција во иднина.
Дипломатски извори посочуваат дека досега најраспространето име и најприфатливо било „Република Горна Македонија“, но напишано на англиски јазик.
Извор: Експрес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст