| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Работам на тоа да се вратам на првото место

Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четвртфиналето на „Мастерс“ турнирот во Рим без да загуби сет.

За пласман во полуфиналето, најдобриот српски тенисер ќе игра против Кеј Нишикори, кој го победи 12 пати во 14 мечеви.

По вчерашната победа над Алберт Рамос-Вињолас со 6:1, 7:5, Србинот изјави дека работи напорно за да се врати на врвот на АТП листата.

– Секој ден се трудам да го извлечам најдоброто од себе. Не само во натпреварите, туку и на тренинзите. Ќе одам постепено, од ден на ден, и знам дека ако некој сака да ме види да играм како кога бев прв на АТП, тоа сум јас. И јас работам на тоа. Ја ценам поддршката што ја добивам, се обидувам, но потребно е време да се влезе во ритам. Се надевам дека ќе станувам подобар по секој натпревар, изјави Новак кој моментално е бр.18 на светската листа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top