| четврток, 6 декември 2018 |

По ќерката, Криси Тајген и Џон Леџенд добија син

Криси Тајген и Џон Леџенд станаа родители по вторпат – мајката на свет донесе машко дете.
Триесет и двегодишниот супермодел со зборовите „Некој пристигна!“ на социјалните мрежи објави дека се породила.
Тајген и пејачот Леџенд ја имаат и двегодишната ќеркичка Луна Симон Стивенс.
Минатата година Криси Тајген со Џон Леџенд одлучи да направи трансфер на замрзнати ембриони, со надеж повторно да забремени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top