| четврток, 6 декември 2018 |

Заев – Меркел: Македонија нема друга алтернатива

Големата поддршка на граѓаните за аспирациите на земјата за членство во ЕУ и НАТО говори дека земјата нема друга алтернатива. Граѓаните на Република Македонија делат исти европски вредности и заслужуваат индивидуална проценка за напредокот врз основа на постигнатото, истакна премиерот Зоран Заев, кој на Самитот на ЕУ за Западен Балкан оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Премиерот Заев на средбата ја истакна исклучителната соработка и искрената поддршка што Македонија ја добива од Сојузна Република Германија во сите политички процеси.

– Република Македонија со активности на прогресивните политички сили во земјата направи квантен скок и од „заробена држава“ се врати на патот на демократските процеси за реформи во земјата и за интензивирање на евро-атлантската агенда – се вели во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top