| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанецот што пукаше во кабарето „Беко“ избега од притвор

Притвореник во текот на вчерашниот ден успеал да избега од охридскиот затвор. Триесет и тригодишниот Б.П , кој со автоматска пушка пукаше во угостителскиот објект кабаре „Беко“ во Охрид, се пожалил дека има неподнослива болка на заб и побарал итно да биде однесен на стоматолог. Затворските стражари веднаш го однеле, но тој успеал да избга, јави Супер радио.

СВР Охрид пред месец дена поднесе кривична пријава против 33-годишниот Б.П. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“ и против 42-годишниот Т.Н. од Охрид за сторено казнено дело „помагање“.

Двајцата пријавени, во кабарето побарале да бидат послужени со алкохолен пијалок, при што по кратко време, пријавениот Б.П. со пивско шише почнал да тропа по масата заради што од вработениот бил замолен да го напушти локалот. Револтиран од таа постапка, пријавените со патничко моторно возило се упатиле во домот на Б.П. од каде тој зел автоматска пушка и пиштол што ги поседувал без одобрение и повторно се вратиле во кабарето каде Б.П. со нога ја отворил влезната врата и откако ја репетирал автоматската пушка веднаш испукал повеќе куршуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top