| четврток, 6 декември 2018 |

Тајани: Името не е моја работа, но вашата земја е во вистински правец

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани на прес-конференцијата на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија рече дека Унијата сака соработка со балканските земји и напорно се работи на подобра соработка, но не сакаше да коментира ништо за прашањето за името.

-Името не е моја работа, рече Тајани, одговарајќи на прашање на МКД.мк, но потсети дека Европската унија ги поддржува сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, односно како што рече, вашата земја.

-Вратата е отворена, но треба уште да се работи, ако сакате да бидете во ЕУ треба да ги почитувате правилата. Вашата земја е во вистински правец и треба да работиме напорно, изјави Тајани.

Според него, Балканот е Европа и ако балканските земји сакаат да бидат членки на ЕУ мора да почитуваат нивните, европските правила.


Целиот текст ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top