На првиот оглас за школување на кандидати за стекнување дозвола за контролор на летање, по последниот во 2003 година, за 12 места се пријавиле 200 кандидати. Она што ги привлекува младите да конкурираат за контролори на летање не е само фактот што оваа професија во Македонија е една од најплатените, туку и можноста за работа во странство, пишува Независен.
– Во идеални услови би одбрале 12 контролори на летање, но најважен во дадениов момент ни е квалитетот на селектираните кадри, затоа што се работи за професија каде што се потребни врвни професионалци кои поседуваат специфични способности, изјавил директорот на М-НАВ, Николче Тасески.
За селекција на кандидатите, во М-НАВ велат дека го користат најдобриот метод во моментов, а тоа е тестот FEAST, по кој се селектираат кандидати во 48 организации на светско ниво. Тоа е тест кој специфично ги таргетира потребните способности за контролорска работа.
– Станува збор за компјутерски тестови каде што упатствата и објаснувањата се на англиски, чие добро познавање е предуслов за оваа работа. Во моментот ја спроведуваме првата фаза од тестот FEAST, и очекуваме да заврши следната недела. По завршувањето на трите фази на тестирањето, кандидатите ќе бидат упатени на лекарски преглед, објаснува Тасески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст