Верижен судир на шест возила се случи претпладнево на улица „Никола Карев“, пред поштата на железничката станица во Скопје. Во несреќата нема повредени лица, меѓутоа причинета е голема материјална штета.
Еден од директните учесници во судирот изјавил за МИА дека биле преплашени кога виделе како еден од автомобилите се движи наназад кон нив.
– Тоа беше страшно, во моментот не знаевме што да правиме и како да реагираме, истакна вознемирената жена.
Всушност на возачот на автомобилот, кој ја предизвикал сообраќајната несреќа, му се слошило, по што ненадејно го запрел возилото, се обидел да излезе од него, но не ја кренал рачната сопирачка и автомобилот тргнал наназад. Полицијата врши увид на местото на сообраќајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст