Популарната турска актерка Мерјем Узерли, позната по улогата на Хурем султан, непријатно ги изненади обожавателите на црвениот тепих во Кан.
Узерли се пофали со фотографии на Инстаграм, но не очекувала толку негативни коментари. Обожавателите ја напаѓаат бидејќи направила премногу операции на лицето.
„Беше многу поубава пред операциите“, „Лицето ти е чудно“, „Боже, што си направила со усните“, „Премногу ботокс. Зошто? Беше прекрасна“, „Остави ги лицето и телото на мир! Беше прекрасна, сега излгедаш вештачки и пластично“, „Зошто си го стори тоа?“, се само дел од брдото негативни коментари.
Мерјем е мајка на четиригодишната Лара, која ја доби со бизнисменот Џан Атес. Но, тој не сакал актерката да го задржи детето, бидејќи сметал дека детето ќе им ја уништи врската. Поради тоа Мерјем падна во депресија и се повлече од јавноста. Денес е самохрана мајка и на соцојалните мрежи споделува фотографии од убавите моменти поминати со Лара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст