| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент вчера во Карпош: Тинејџер од Сарај нападнал полицаец, три момчиња фрлале со лименки и ги навредувале службениците

 

Вчера околу 15.00 часот во Скопје на улица “Његошева”, општина КАрпош, при обид за легитимирање на Н.А. (19) од село Сарај, скопско, тој физички нападнал полициски службеник.

При тоа, А.Б. (19) од село Ласкарци, и А.А. (22) и 17 годишно лице двајцата од Скопје, фрлале со лименки и други предмети кон полициските службеници, упатувајќи им навреди. По ова лицата биле приведени во Полициска станица Карпош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 (фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top