Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во пресрет на самитот на Европската народна партија кој се одржува во Софија, денеска оствари средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц и комесарот на Европската Унија за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан
На средбата се разговараше за перспективите на Македонија, актуелната политичка состојба како и стратешкиот интерес на државата за членство во Европската Унија.
Мицкоски посочи дека Република Македонија се наоѓа во исклучитело тешка економска ситуација која резултира со намалување на стандардот на граѓаните, надополнета со сериозен политички терор наметнат од власта што сериозно ги подрива нејзините капацитети и загушува слободата.
Очекувањата од владата се изневерени, а народот се повеќе незадоволен, истакна Мицкоски.
Тој во однос на спорот за името ги изнесе принципиелните позиции и ставови на ВМРО-ДПМНЕ кои не се променети, како и впечатокот дека Владата го води целокупниот процес на разговори на максимално нетрапсарентен начин што го наметнува чуството дека нешто се крие. Беше истакнато дека премиерот Заев нема монопол во одлучувањето за вака едно важно прашање за иднината на државата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека партијата ги поддржува европските интеграции на државата што се од интерес на самите граѓани што се покажа и преку активно учество и давање на сугестии во процесот на носење на реформските закони. Воедно беше потенцирана и важноста истите да профункционираат во реалноста, за што осбено треба да превземе одговорност самата Влада.
Мицкоски истакна дека Македонија заслужува и може подобро и дека градењето на мостови за соработка ќе е клучен елемент на ВМРО-ДПМНЕ во отворање на државата и исполнување на стратешките приоритети.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари и разговор и со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск. Се разговараше за стратешката цел на државата за интеграција во Европската Унија и за продлабочување на соработката на тој план.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
На претседателските избори ќе го поразиме СДСМ, порача Мицкоски од Гостивар
-
Мицкоски нема да му одговори на Мијалков, тоа се внатрепартиски работи