| четврток, 6 декември 2018 |

Бренда пред нова операција: Од болничкиот кревет и порача на мајка си – Фала ти што секогаш си покрај мене (фото)

Познатата американска актерка, Шенон Доерти, која се прослави во улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс по операцијата во која и беше отстранета едната дојка, повторно е во болница каде што треба да и се направи нова операција.

Овој пат, за среќа, не се работи за интервенција заради канцер, туку за реконструкција на дојка, а таа со фотографија од неа во болничката постела и со нејзината мајка крај себе, и се заблагодарила за огромната поддршка.

– Те сакам. Фала ти што си секогаш покрај мене. Би пишувала уште, но апчињата против болка ме уништуваат, напишала Шенон на Инстаграм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top