| четврток, 6 декември 2018 |

Ужинка со поминат рок, скиснат сутлијаш, каква храна им се давала девет месеци на децата во ОУ „11 Октомрви“?!

После скиснат сутлијаш, недоварена манџа, овенат спанаќ, шесторазредно месо на ред е ужинка со поминат рок, ваква објава од родител се појави на социјалните мрежи со обвинение дека во учичиштето ОУ 11 Октомври на децата веќе девет месеци им се дели храна која како што пишува во објавата го загрозува здравјето на децата. Родителите прашуваат дали државата ќе поведе сметка за ваквата состојба со исхраната во училиштето? Потенцираат дека децата и нивото здравје се многу поважни од бизнис интересите на иституцијата.

Како знак на револт родителите престанале да ја плаќаат храната на децата во училиштето се со цел нивниот глас да допре до ракводтството. Поради што по одреден период се соочиле со опомена која им била доставена од страна на нивните деца. Според изјавите на родителите тие добиле опомена пред извршител за наплата на долг за неплатена ужинка од страна на фирмата која ја врши доставата на храната во училиштето. Родителите шкорани од постапката бараат објаснување како е можно вакви опомени да се доставуваат преку училишните книги на децата , а не како што е предвидено со Закон дирекно на родителот на домашна адреса или пак да биле повикани од директорката која можела да им соопшти дека има проблем со наплата.

За случајот родителите пријавувале и во инспекции, но досега нема никаков резулатат. Родителите за храната на децата месечно треба да платат 1300 денари.

Богдановиќ: Во најбрз можен рок ќе најдеме решение за состојбата во „ОУ 11 Октомври“

Од „Специјал“, фирмата добавувач за „Република“ изјавија дека не сакаат да ги коментираат обвинувањата, наведоа дека од 16 училишта кои ги снабдуваат со храна, единствено само во училиштето „ОУ 11 Октомври“ се појавувало проблем со одредени поединци.

Меѓу коментарите на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавија и фотографии кои покажуваат како се чува и во каква состојба е храната која подоцна се подготвува и им се дава на децата како оброк. Имено еден од родителите на децата влегол во кујната на училиштето, тоа што го затекнал е запрепастувачки.

Од коментарите кои можат да се видат, родителите пишуваат дека децата доаѓаат дома гладни, изјавуваат дека на училиште ништо не јаделе или пак дека ги боли стомак.

Директорката на училиштето за „Република“ изјави дека денеска имала состанок со родителите и дека е постигнат договор во најбрз можен рок да се најде решение за како што вели таа најдоброто за децата. Во меѓувреме децата повторно ќе конзумираат храна од истиот добавувач, бидејки договорот сеуште трае.

Градоначалникот и минситерката за образование молчат пред петициите, гласот и молбите на родителите, децата се тие кои продолжуваат да ја фрлаат храната и гладни да поминуваат осум часа во училиштето. Родителите порачуваат дека правдата ќе ја тераат до крај, бидејки во прашање е здравјето на нивните деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top