| четврток, 6 декември 2018 |

Смртоносна бура во Америка, двајца мртви, илјадници домови без електрична енергија (Видео)

Две лица загинаа во бура која го зафати североистокот на САД. Силно невреме проследено со грмежи, град и силен ветер ги погоди САД. Единаесетгодишно девојче настрада кога ветер сруши стебло врз паркиран автомобил во Њујорк, додека другата жртва е маж кој исто така настрада поради пад на стебло врз возило, наведуваат американските медиуми. Невремето довело до сообраќаен колапс, прекин на електрична енергија и вода. Издадено е и предупредување поради опасност од поплави во источен Мериленд, Делавер и јужен Њу Џерси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top