Еден од роднините на ексминистерот за здравство, Арбен Таравари, Хајбер, во најновиот број на „Службен весник“ е разрешен од член на Управниот одбор на државната Клиника за кардиохирургија. Тој е именуван на 3 август со одлука објавена во „Службен весник“ и потпишана од премиерот Зоран Заев. Именуван е како член на одборот на Клиниката заедно со Марија Ташкоска и Македонка Глигорова.
Политичкиот „брак“ на Таравари со власта почна да пропаѓа кога тој одлучи да се кандидира за градоначалник на Гостивар како кандидат на „Алијансата за Албанците“. Општината која тој ја раководи неодамна обвини дека ДУИ успеала преку разни притисоци врз Владата на Заев да му ги одземе ингеренциите во образованието на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
Извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст