| четврток, 6 декември 2018 |

Заев молчи, молчи и МАНУ – преговорите околу името се држат во тајност

Првиот човек на МАНУ, академик Таки Фити денеска и свртел грб на камерата на Алфа, откако новинар од Телевизијата му поставил прашање што очекува од средбата Заев – Ципрас во Софија.

Академикот не бил расположен да зборува и за тоа што најавите за постигнување на договор се силни, а црвените линии на Грција се задебелени: ерга омнес и промена на Уставот – според шпекулациите одложено за околу две години. За академик Фити не е важно да ја каже пораката на највисоката научна институција во државата, пред важната средба на двајцата премиери.

Дел од професорите стравуваат од епилогот во евентуален договор, со грчките условувања: ерга омнес и промена на Уставот без разлика кога. Недозволливо е што преговорите се одвиваат во тајност и без инволвирање на експертската јавност, додаваат.

За текот на преговорите Заев не ги информира ниту коалиционите партнер, за што потврда дадоа и лидерите на ДОМ и Демократски сојуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top