СДСМ не е опозиција и мора да даде одговор каде и како ги расфрла парите на граѓаните. Заев мора да понесе одговорност за расипничкото трошење на парите на граѓаните и мора да одговори кој е придонесот кој неговите советници го имаат во владиниот кабинет. Владата мора да одговори на прашањата кои ја засегаат севкупната македонска јавност. Македонските граѓани ги интересира дали со нивните пари се плаќа човек кој пукал во припадник на безбедносните сили на Република Македонија?, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:
„Дали советникот на Заев, Силвио Аврамовски во Тетово пукал со огнено оружје, а потоа бил осуден за вооружениот инцидент и одлежал казна затвор? Скандалозен е и фактот што уредник на регионалната телевизија ВИС е дел од кабинетот на Зоран Заев како советник иако се уште се бави со новинарска дејност. Дали Ѓорги Калајџиев добива пари од граѓаните со задача да ги велича политиките на СДСМ и Заев во медиумот кај што е новинар во моментов? Дали Ѓорѓи Калајџиев оди по стапките на т.н. ,,независни’’ новинари Роберт Поповски и Мухамед Зекири. Новинари кои правеа хвалоспеви за Заев, а како награда добија државни функции и високи позиции со цел да им се исплати претходниот нивен ангажман“, велат од опозициската партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, одговори и одговорност за расипничкото трошење мора да има и ќе има. Одговори и одговорност ќе има кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт и детално ќе се испита на што се оваа ненародна власт расипнички ги трошела парите на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


