Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека кога слушнал оти опозицијата бара средба веднаш се обидел да го контактира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој е подготвен се што има да сподели со опозицијата во врска со прашањето за името.
– Слушав вчера дека од опозицијата бараат средба и веднаш се обидов да го контактирам шефот на опозицијата Христијан Мицкоски. Веројатно поради зафатеност тој не можеше да ме исконтактира, но се договоривме денеска да направиме комуникација. Подготвен сум се што имам да споделам со шефот на опозицијата. Очекувам заедно да го решиме ова прашање, затоа што е од огромен национален интерес за сите граѓани. Ако тој побара ќе најдам време, ќе откажам и презакажам состаноци, изјави Заев по завршувањето на денешното рочиште за „Поткуп“.
Заев рече дека има комуникција и со претседателот Ѓорге Иванов, а последната била средбата одржана пред тој да оди во Турција, но предмет на разговор бил гувернерот на НБРМ.
– Претседателот на државата согласно Устав и закон е предлагач на гувернерот, а Парламентот е институцијата која именува на предлог на претседателот. Овде имаме споделена надлежност и таа е причината зошто разговаравме со Иванов, рече премиерот, изразувајќи надеж дека ќе најдат заедничко решение и уште еднаш ќе покажат сериозност во делот на имплементирањето на власта, без разлика дали се работи за законодавна, извршна и судска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст