Ѓорги Калајџиев, новинар кој има своја емисија на телевизија ВИС од Струмица, во исто време е ангажиран да биде советник на премиерот Зоран Заев – покажува листата на советници која ја соопштија од владата, објави порталот Лидер.
Во новинарството практично е непознато во исто време да се биде и новинар и политички функционер, ако се знае дека работа на новинарите е токму да известуваат за прашањата од јавен интерес и работата на политичките функционери, па се отвора прашањето: Дали можеби зa советнички хонорар се плаќа владина пропаганда?
Порталот се обидел да стапи во контакт со господинот Калајџиев, за да го прашаат дали не смета дека во неговата функција постои конфликт на интереси.
– Јас сум само водител на емисија, за се’ обратете се кај владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговорил Ѓорги Калајџиев во краткиот телефонски разговор.
Но, краткото истражување покажало дека Калајџиев до скоро бил одговорен уредник на ТВ Вис, а во моментов на нивната веб страница, оваа Струмичка телевизија не е објавен импресум и не е наведено дали можеби тој сеуште е одговорен уредник. Доколку се побар подетално, ќе се види дека токму кај Калајџиев, премиерот Заев ги имал најголем дел од своите гостувања на оваа струмичка локална телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст