| четврток, 6 декември 2018 |

Арсовски: Реконструкцијата на Владата e за стабилно мнозинство за името, a не за квалитетна влада

Премиерот Зоран Заев сака да го зголеми парламентарното мнозинство и да ја консолидира својата позиција, а тоа претставува нормална политичка стратегија и за тоа ќе ја плати цената во смисла да ги внесе БЕСА и ДПА во Владата, коментира политичкиот аналитичар Петар Арсовски за претстојната владина реконструкција.

– Не е исклучено секакво сценарио за кое било министерство и сметам дека главната борба е консолидацијата на позициите во очекување на некаква разрешница за името. Реконструкцијата на Владата не треба да се гледа како некакво решение за подобра коалиција и за подобра функционалност, туку единствено за консолидација на позицијата, бидејќи премиерот Заев е свесен дека доаѓаат нови предизвици со кои треба да се соочи. Не е никаков спектакл ако БЕСА го добие Министерството за култура, оти премиерот нема да изгуби многу и нема да добие многу, туку само ќе издејствува поголемо мнозинство за да може полесно да го затвори прашањето за името – вели Арсовски за Слободен печат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top