| четврток, 6 декември 2018 |

Син на полицаец ја избодел милионерката во Котор: Преку ноќ заработила милиони

Станот во кој била убиена Украинката беше растурен, а крв имаше на сите страни”, рекле за “CdM” од полицијата, додавајќи дека се сомневаат во злосторство од страст.

Которската полиција распишала потерница по Арсение Становиќ, за кого постои сомнение дека во петокот навечер ја убил украинската државјанка Анастасија Лашманова, со која до неодамна бил во емотивна врска. Како што пишува “Pobjeda”, Становиќ е син на полициски службеник од Котор.

Безживотното тело на Украинката полицијата го пронашла во петокот навечер во нејзиниот стан во Котор. Обдукциските наоди покажале дека Лашманова била брутално избодена со нож.

Според информациите на “CdM”, убиецот со тап предмет неколку пати ја удрил во главата, а потоа неколку пати ја избодел со остар предмет.

“Станот во кој била убиена Украинката беше растурен, а крв имаше на сите страни”, рекле за “CdM” од полицијата, додавајќи дека се сомневаат во злосторство од страст.

Почнала како келнерка, брзо се збогатила
Украинката во Црна Гора дошла пред неколку години и почнала да работи како келнерка. Во краток рок станала моќна и влијателна личност, а имотот со кој располага, според проценките, вреди десетина милиони евра.

Таа била директорка во компаниите “Мимоза Груп” и “Си Трејд” и сопственичка на три ресторани во луксузниот комплекс Порто Монтенегро во Тиват. Покрај тоа, Лашманова располагала со комплексот “Perla” и салонот за убавина “Femme Fatale”, кој се наоѓа во хотелот “Tre canne” во Будва.

Се занимавал со ватерполо, претходно не бил осудуван
Становиќ не бил претходно осудуван. Се занимавал со ватерполо и бил голман во Приморац.

Арсение инаку е син на Зоран Становиќ, шеф на експозитурата на Граничната полиција на аеродромот во Тиват, кој порано се нашол во медиумите поради сомнение дека при пријавување на својот имотен лист, сокрил дел од имотот.

точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top